Поврзете се со нас

АТП

Нова победа на Калин во Братислава: Ивановски го суреди тенисерот кој своевремено беше 39. на светот

Објавено

на

Македонскиот тениски ас, Калин Ивановски успеа да обезбеди пласман во осминафиналето на Челинџер турнирот што се игра во Братислава за награден фонд од 145.000 евра.

Ивановски преку квалификациите дојде до главната фаза во која за прв ривал го имаше искусниот Петер Гојовчик кој своевремено беше 39. тенисер на светот (2018 година).

Меѓутоа во овој дуел пресуди младоста, талентот, потенцијалот, па така Калин се избори за славје со 2-0 во сетови со  (76 (3) 62) за 80 минути игра на теренот во Братислава.

Сега Ивановски може малку да одмори со тоа што утре ќе го дознае наредниот ривал, а тоа ќе биде подобриот од Томаш Махач (4 носител, Чешка) и Мартин Дам (САД).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни