Поврзете се со нас

АТП

Нова победа: Ивановски ќе игра во полуфиналето на турнирот во Грција

Објавено

на

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски избори уште една победа на фјучерсот во Ираклион (Грција), победа со која избори полуфинале на турнирот што се игра на тврда подлога за награден фонд од 15.000 долари.

Ивановски за ривал го имаше Јакуб Ницод од Чешка, мечот траеше точно 1 час и 41 минута, период во кој Македонецот ги реши двата сета со идентични 6-4.

Калин искористи пет од десетте брејк топки, а освои 16 поени повеќе од Ницод (69/53). Противник во полуфиналето е му биде подобриот од мечот Андреа Гиериери и Стефанос Сакеларидис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни