Поврзете се со нас

Свет

Нова „петарда“ на Шпанија, Лукаку донесе победа за Белгија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Шпанската фудбалска репрезентација испорача уште една „петарда“ во подготвителниот период пред настапот на Европското првенство.

Пред неколку дена избраниците на Де Ла Фуенте ја преслушаа Андора (5-0), а оваа вечер тоа го направија против Северна Ирска (5-1). Гостите го шокираа фаворитот уште во 2 минута, но тоа на крајот се покажа како лош потег затоа што „црвената фурија“ се разлути и уште во првиот дел дојде до комплетен пресврт и резултат 4-1.

Педри, Мората, Педри и Руиз се запишаа во листата на стрелци, а по паузата стрелаше и нововлезениот Ојарзабал на додавање на Јамал за кого ова беше втора асистенција на натпреварот.

Белгија пак на последниот тест пред ЕП го надигра Луксембург со 3-0 со двата гола на Лукаку и погодокот на Тросар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни