Поврзете се со нас

Италија

Нова пауза: Ибрахимовиќ повторно се повреди

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ пред некое време се врати на терените и беше изненадување што екпресно беше повикан да биде дел од шведската репрезентација за овој мартовски прозорец со оглед на тоа што долго време беше отсутен и мораше да мине низ сериозен процес на рехабилитација, закрепнување за да биде спремен за предизвиците.

Токму за време на престојот во Шведска заработил повреда и сега го очекува нопа пауза. Се работи за мускулен проблем и според „Газате Дело Спорт“ ветеранот нема да биде активен на тренинзите на Милан најмалку 10 до 15 денови.

Нема да има брзање и додека не биде се како што треба Ибра нема да добие зелено светло за настап иако неговото присуство ќе биде значајно за Милан. Тој не може да помогне во ЛШ затоа што не е регистриран, ама во шампионатот може да даде придонес со тоа што прво ќе мора да ја надмине новата ситуација, па да му се стави на располагање на тренерот Стефано Пиоли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни