Италија
Нова опција за напаѓачот: Осимен пред преселба во поранешен клуб на Пандев
Виктор Осимен побара да си замине од Наполи во текот на летниот преоден рок, па така клубот едноставно почна да ја планира сезоната без него со надеж дека ќе стигне соодветна понуда за негов трансфер.
И покрај интересот од некои клубови до договор не стигна, па Нигериецот на крајот остана со „празни раце“, поточно е замрзнат и сега му преостанува да прифати понуда од некој тим во кој едноставно не планирал да се пресели, ама во моментов му нуди спас со оглед на тоа што калчолигашот најави дека не смета на него што во случајов значи дека би останал без активен фудбал најмалку до почетокот на 2025 година.
Меѓутоа во некои земји се уште е отворен преодниот рок, а една од нив е Турција од каде Виктор доби подадена рака од шампионот Галатасарај. Составот од Истанбул сака да го земе на едногодишна позајмица, веќе во основа ги има договорено условите со Наполи и сега останува само уште напаѓачот да добие зелено светло.
Ама наводно Наполи сака да се обезбеди и пред Осимен да замине во Турција сака да потпише нов договор до 2027 година, поточно за уште една сезона за да може да биде во подобра позиција за негова продажба во иднина.
Виктор има 25 години и досега има настапувано уште во Германија, Белгија и Франција.
-
Светпред 19 часа
Ривалдо бара да се вратат двајца ветерани во бразилската репрезентација: Тоа се големи имиња…
-
Светпред 22 часа
Србите го бараат наследникот на Пешиќ, две имиња се во игра
-
АТПпред 16 часа
Тениски срам: Пред неколку години беше во топ 20, сега загуби меч за 37 минути во сомнителни услови (Видео)
-
Италијапред 20 часа
Бобан: Ибрахимовиќ направи колосална грешка…
-
Светпред 23 часа
Кимих: Не ми се допаѓа новото правило, судиите се премногу чувствителни
-
Светпред 15 часа
Родри: Ќе биде неправедно за Чави и Иниеста, но јас веќе се чувствувам како победник на „Златната топка“
-
АТПпред 21 час
Вавринка го состави идеалниот тенисер, Федерер и Ѓоковиќ пред Надал (ВИДЕО)
-
Мото ГПпред 13 часа
Роси никогаш нема да му прости на Маркез: Никој во историјата не бил валкан како него!