Поврзете се со нас

Италија

Нова одлуката на Италијанците, Серија А не може да започне пред 15 јуни

Објавено

на

Италијанската Серија А и дефинитивно нема да се врати на програмата најрано пред 15 јуни, откако италијанската влада денеска официјално ги забрани сите спортски настани до 14 јуни.

Првичниот план на клубовите и федерацијата беше првенството да продолжи на 13 јуни, па иако не се работи за сериозно дополнително одложување, ултиматумот само ја зголемува тензијата, а медиумите велат дека може да значи и можен рестарт најмалку една недела подоцна.

Клубовите од денеска требаше да започнат со колективни тренинзи, но решија да бидат внимателни поради комплицираниот медицински протокол, кого се обидоа, но не успеаја да го променат.

Медицинските власти во Италија инсистираат на 15-дневен карантин на цел тим при само еден позитивен тест на коронавирусот, а самото тоа носи голем ризик за ново и конечно прекинување на првенството по евентуалното рестартирање.

Деновиве се очекува нов состанок на клубовите, по што ќе биде изграден заеднички став во новонастанатата ситуација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни