Нова одлична партија: „Осумка“ на Митков против лидерот во Австрија

Mitkov-pogodok

Искусниот македонски ас, Влатко Митков одигра уште една партија во дресот на Брегенц во првата лига на Австрија.

Составот на Брегенц пред своите гледачи се избори за бод против лидерот во шампионатот Фиверс играјќи 28-28. Двете екипи си поделија по едно полувреме и тоа со идентичен резултат 15-13, првите 30 минути беа за гостите, а вторите за домашната екипа.

Митков со осум постигнати голови беше прв стрелец заедно со Лукас Хутичек од Фиверс.

Влатко и компанија имаат учинок од 6 победи, 2 нерешени и 8 порази што е доволно за 14 бодови и 6 место на табелата.

Facebook Коментари