Поврзете се со нас

Свет

Нова одлична партија: Митревски ја „спушти ролетната“ во дерби победата на Порто

Објавено

на

blank

Македонскиот репрезентативец, Никола Митревски уште еднаш потврди дека е во одлична форма во оваа натпреварувачка сезона, а тоа овојпат го направи во дерби срдбата во Португалија меѓу неговиот Порто и Спортинг.

Составот на Порто како гостин славеше со 33-27 (14-14) со тоа што токму нашиот Митревски беше меѓу клучните играчи за овој резултат. Македонецот имаше дури 51 процент на одбранети удари или поточно запиша 14 одбрани при 27 удари на домашните ракометари.

Покрај него на највисоко ниво кај Порто беше Ареја со 10 голови од 11 обиди, додека пак кај домаќините се истакна Франкис со 7 погодоци.

Никола и компанија имаат десет од десет во првата португалска лига, подобра од нив е само Бенфика која има единаесет триумфи на исто толку натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни