НБА
Нова ноќ, нов трипл-дабл на Јокиќ, Лејкерс го освои „Медисон Сквер Гарден“ (ВИДЕО)

Нова ноќ, нов трипл-дабл на Никола Јокиќ, но и нова победа на Денвер Нагетс во НБА лигата.
Јокиќ како лидер го предводеше некогашниот шампион до славје на гостувањето кај Шарлот Хорнетс со 107:104. Ова за Србинот беше 22. троен учинок во најсилниот кошаркарски шампионат на светот, поточно за 37 минути на теренот испорача 28 поени со 13 скока, фантастични 17 асистенции, плус имаше 4 украдени топки и 1 блокада.
Најголема поддршка на овој меч имаше од Браун кој на 11 скока додека 24 поени. Кај поразените се истакна Бриџис со дабл-дабл од 24 поени и 12 скока.
Лос Анџелес Лејкерс пак ја прекина победничката серија на Њујорк Никс и тоа во неговиот дом „Медисон Сквер Гарден“. „Езерџиите“ одиграа комплетен меч во кој го надиграа противникот и заслужено дојдоа до 28 славје со што во моментов се на петтата позиција на Западот.
Најрасположен за игра беше ветеранот Џејмс со 33 кошеви, 11 скока и 12 асистенции, Ривс беше зад него со 27 поени, двоцифрени беа уште Хачимура, Кристи и Фини Смит.
Седумина кај Никси имаа +10 поени, лидер беше Харт со 26 кошеви, 13 скока и 11 асистенции.
РЕЗУЛТАТИ:
Индијана – Атланта 132:127
Јута – Орландо 113:99
Шарлот – Денвер 104:107
Хјустон – Бруклин 98:110
Минесота – Вашингтон 103:105
Оклахома – Сакраменто 144:110
Сан Антонио – Мајами 103:105
Њујорк – Лекерси 112:128
Портланд – Финикс 127:108
-
Лига на шампиони21 час
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони23 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија22 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони18 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Лига на шампиони7 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Италија6 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Лига на шампиони18 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…