Поврзете се со нас

Свет

Нова непријатност за Икер: Касилјас завршил во болница поради силна болка во градите

Објавено

на

Икер Касилјас пред точно две години го преживеа најголемиот шок во животот, бидејќи претрпе срцев удар на тренингот на Порто, по што експресно му беше направена операција и во рекордно време беше спасен од лекарите кои навреме интервенирале.

Самиот Икер истакна дека фактот што доживеал срцев удар на тренингот опкружен од лекарски персонал му го спасило животот, но токму пред да истечат две години од кошмарниот момент, легендарниот шпански голман претрпел голема непријатност минатата седмица.

Икер итно отишол во болница на 28-ми април минатата седмица, бидејќи додека играл падел заедно со своите пријатели, почувствувал силна болка во градите и забрзано отчкување на срцето. Магазинот „Hola“ денеска ја пренесе оваа информација за новото страшно попладне кое го имал Икер, а кое за среќа минало само со моменти на страв и стрес.

Поранешниот голман веднаш отишол во ургентното оделение во Мадрид и му биле направени детални прегледи на срцето, по што било утврдено дека не станува збор за нов срцев удар.

Касилјас самостојно ја напуштил болницата откако добил смирувачки вести од докторите, а дека брзо го надминал шокот говорат и неговите објави на социјалните мрежи каде ја прослави двегодишнината од претрпениот срцев удар во Порто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни