НБА
Нова НБА историја: ЛеБрон урна уште еден „недостижен“ рекорд на Џабар (Видео)
ЛеБрон Џејмс ги поместува границите на нормалното и игра на највисоко можно ниво на десет дена пред да наполни 40 години, но пред влегувањето во петтата деценија од животот, ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс урна уште еден историски рекорд.
„Кралот Џејмс“ изминатите години урна рекорди кои изгледаа недостижно во најсилната кошаркарска лига во светот, па откако пред две сезони стана најдобар поентер во историјата на НБА лигата, сега стана и играчот со најмногу одиграни минути во регуларниот дел од сезоните.
ЛеБрон рано утрово постигна 19 поени во победата која ја остварија „езерџиите“ на гостувањето кај Сакраменто (100:113), но топ тема беше минутажата која ја собра.
Џејмс одигра 34 минути на натпреварот против Кингс и поправи уште еден неверојатен рекорд на Карим Абдул Џабар, надминувајќи го по бројот на одиграни минути.
Неколкудеценискиот рекорд на Карим беше актуелен до ова утро, па така бројот од 57.446 минути заминува во историјата и сега е втор најдобар учинок во оваа категорија во НБА лигата.
LeBron has been making plays like this for over 57,000 minutes 🤯 https://t.co/r9Nt6G6yMG pic.twitter.com/B0rh6IS6WK
— NBA (@NBA) December 20, 2024
LeBron becomes all-time leader in minutes played 🚨
NBA RECORD ‼️ pic.twitter.com/gPQ9cEZBzT
— Bleacher Report (@BleacherReport) December 20, 2024
LeBron James has now surpassed Kareem Abdul-Jabbar as he helped the Los Angeles Lakers beat the Sacramento Kings 💪 pic.twitter.com/kCjD1masyQ
— BBC Sport (@BBCSport) December 20, 2024
-
Англија24 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП18 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија17 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија16 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација19 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија20 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија20 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)