Нова мајсторија на Вејн Руни: Англичанецот со перфектен гол од слободен удар (Видео)

runi

Легендарниот англиски фудбалер кој во моментов настапува за тимот на ДиСи Јунајтед во американската МЛС Лига продолжува со одличните настапи за својот нов клуб.

Руни беше креаторот на победата на својот тим против Торонто постигнувајќи го единствениот погодок на натпреварот. Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Евертон на мајсторски начин од слободен удар го совлада противничкиот голман во 18. минута.

Ова беше вкупно десетти гол на Вејн Руни во првите 18 натпревари во МЛС Лигата. Пред неговото пристигнување во ДиСи Јунајтед, клубот се наоѓаше на дното на табелата, а сега благодарение на овие десет гола, на кои Руни придодаде уште шест асистенции, ДиСи Јунајтед се наоѓа во плеј-оф зоната.

Facebook Коментари