Поврзете се со нас

Свет

Нова мајсторија на репрезентативецот: Димитријевиќ го излуде најдобриот дефанзивец на Барселона (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Хувентуд направи изненадување и славеше над Барселона со 72-63 во вториот меч од плејофот во Шпанија, односно израмни на 1-1 во серијата која се игра до две добиени натпревари.

Тимот од Бадалона бодрен од своите навивачи успеа да ја среди уморната Барселона и да се избори за мајсторка која ќе се игра во „Палау Блауграна“. Домаќините беа подобри во три од четирите четвртини и заслужено дојде до резултатот што го посакуваше.

Басас со 20 и Рибас со 12 поени беа први стрелци, а двоцифрен беше и нашиот Ненад Димитријевиќ со 10 кошеви со 3 скока и 3 асистенции. Нено имаше помала минутажа затоа што се повреди во првото полувреме, но стисна заби и одигра дел од вториот дел во кој имаше потег во негов стил, потег со кој го надмудри најдобриот одбранбен играч на противникот Адам Ханга и воедно постигна кош под прекршок.

Ова е мајсторијата на Македонецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни