Нова мајсторија на Милан: Ристовски го „поздрави“ Илиев од слободен удар (Видео)

Milan-Ristovski-goal

Младинскиот репрезентативец, Милан Ристовски игра во извонредна форма во актуелнава сезона во дресот на словачкиот прволигаш Нитра на кого му донесе уште една победа и тоа против Серед на Дени Илиев и стратегот Славче Војнески.

Офанзивецот со ново ремек дело донесе три бода, ремек дело од слободен удар. Ристовски во 73 минута ја преземе одговорноста и биеше толку прецизно од околу 20-25 метри што Илиев никакви шанса да ја спречи топката да заврши во мрежата.

За Милан ова беше седми гол во првата лига на Словачка или вкупно трет против екипата од која дел се Дени и Војнески.

Facebook Коментари