Поврзете се со нас

Свет

Нова магија и фантастични поени на Димитријевиќ, Македонецот со супер потег го измести својот противник (Видео)

Објавено

на

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ повторно имаше забележителен настап за својот тим, Хувентуд Бадалона.

22 годишниот кошаркар натпреварот со Билбао го заврши со десет поени помагајќи му на неговиот тим да стигне до победа од 88:81 во незгодниот натпревар со тимот од Баскија.

Димитријевиќ уште еднаш покажа дека е еден од клучните играчи на тимот, а со еден свој потег ги собра аплаузите од присутните во салата, а ги доби и почестите од кошаркарската јавност во Шпанија.

На самиот крај на втората четвртина, Димитријевиќ изведе еден магичен потег со кој на неверојатен начин се ослободи од својот чувар, па потоа ја положи топката во кошот на противникот.

Во сеќавање на многумина е потегот кој го извади младиот кошаркар на натпреварот со Барселона, кога „од патики го изваде“ кошаркарот со НБА искуство, Малком Дилејни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни