Поврзете се со нас

Свет

Нова луда партија на Македонецот: Костески „леташе“ и „испука“ 15 гола за Плзен

Објавено

на

Македонскиот ракометен ас, Никола Костески имаше уште една пратија за памење во дресот на чешкиот прволигаш Плзен.

Пред нешто повеќе од два месеци Костески „испука“ фантастични 17 гола против Фридек-Мистек, додека пак вечерва беше многу блиску до тој учинок затоа што блескаше во пресметката со Дукла Прага со дури 15 голови (шест од пенал)

Десното крило „леташе“ на теренот и беше најзаслужен што Плзен славеше со 40-34 во овој заостанат меч од 5. коло во шампионат.

Со овој триумф Никола и соиграчите потврдија дека се најдобра екипа во овој момент во шампионатот каде по 14 рунди имаат 13 победи, 1 пораз и со 26 бода се осамени на врвот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни