Поврзете се со нас

Шпанија

Нова лоша вест за Барселона, се повреди уште еден шпански репрезентативец

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Барселона се подготвува за мечот со Монако во Лигата на шампионите, а во пресрет на гостувањето во Франција лидерот во Примера доби уште една лоша вест кога е во прашање играчкиот кадар.

Во текот на вчерашниот ден беше обелоденото дека Дани Олмо ќе биде во „аут“ во наредните четири до пет седмици за да сега слична судбина доживее уште еден шпански репрезентативец Фермин Лопез.

Лопез беше во последната фаза од закрепкувањето по повредата која ја доживеа со младата шпанска репрезентација, односно тој требаше да добие зелено светло за настап можеби против Монако со тоа што идеален за кам-бек беше лигашкиот дуел со Вилјареал.

Меѓутоа нема да се оствари ниту едното, ниту другото сценарио затоа што Фермин заработи нова повреда на денешниот тренинг и го очекува пауза од околу три недели што значи ќе му биде на располагање на Ханси Флик за мечевите дури по октомврските термини за репрезентациите.

Офанзивецот имаше напорно лето, играше за Шпанија на ЕП, потоа и на ОИ и по краток одмор се врати на клупските обврски за да сега телото го наплати големиот замор.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни