Поврзете се со нас

НБА

Нова лекција за шампионот: Јута ја потврди кризата во Лејкерс (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

Разиграната Јута Џез лесно се справи со Лос Анџелес Лејкерс во дербито во НБА лигата и со тоа само ја потврди кризата во таборот на актуелниот шампион.

„Џезерите“ кои се тим со најдобар учинок во лигата славеа со 114-89 и тоа во средба во која сите дилеми околу победникот ги решија по три четвртини (90-64). Домаќините одново беа расположение за погодоци од далечина, па погодија 22 тројки или дури 14 повеќе од „езерџиите“.

Шест играчи кај Јута беа двоцифрени, а од нив најпрецизни беа Кларксон и Гобер со по 18 поени.

Кај Лејкерс кој понатаму игра без двајцата стартери Дејвис и Шрудер, прво име беше ветеранот Џејмс со 19 кошеви. Ова за клубот од Калифорнија беше четврти пораз во низа, лоша серија која може да ја прекине на 27 фебруари кога го пречекува Портланд Трејл Блејзерс.

Резултати:
Атланта – Бостон 127:112
Кливленд – Хјустон 112:96
Индијана – Голден стејт 107:111
Чикаго – Минесота 133:126
Мајами – Торонто 116:108
Њу Орлеанс – Сан Антонио 102:99
Феникс – Шарлот 121:124
Јута – Лејкерс 114:89
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни