Нова лекција за МЗТ за крај на приказната во АБА лигата

mornar-mzt

Македонскиот претставник, МЗТ Скопје со пораз на гостувањето во Бар кај Морнар од 106-75 ја заврши овосезонската приказна во АБА лигата.

Домашниот тим кој во оваа кампања е најпријатното изненадување во јадранското друштво и ќе игра во разигрувањето за пехарот дојде до 14 триумф рутински и без поголеми проблеми. Првиот дел го завршија со плус девет (50-41), додека во вторите 20 минути беа поопасни и поубедливи.

Најмногу се истакна Павиќ со 25 поени и 4 скокови, додека кај аеродромци во прв план беа Симоновски и Лалиќ со 49 искомбинирани кошеви.

Ова за МЗТ  е најлошата сезона во АБА лигата со само три остварени победи и 19 порази.

Facebook Коментари