Поврзете се со нас

Италија

Нова комбинација: Лукаку може да заигра за уште еден великан во Италија

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Ромелу Лукаку ја мина претходнава сезона во Рома и тоа како позајмен играч од Челси, клуб со кој има договор до 30 јуни 2026 година.

Повеќе од јасно е дека Белгиецот не сака да се врати во премиерлигашот и веќе бара нова средина во која ќе ја продолжи кариерата, а таа нова средина одново може да биде Италија и Серија А.

Имено познатиот новинар од Апенините, Џанлука Ди Марцио тврди дека Милан е во преговори со Челси за услугите на напаѓачот. Клубот наводно исто планира да се сретне со претставниците на играчот за да разговара за личните услови што значи има основа за договор, операција која дефинитивно би била изненадувачка ако се знае дека Ромелу во два мандати настапуваше за ривалот Интер, а тука е и фактот што во минатото Лукаку имаше судир со сегашниот директор на „црвено-црните“, Златан Ибрахимовиќ.

Интерес за Белгиецот има и од Наполи, па ќе биде интересно да се види каде ќе заврши офанзивецот кој во досегашното патување настапуваше и во Англија и секако државата во која е роден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни