Нова историја за авионските трки на езерото Балатон

Photographer Credit:
Joerg Mitter / Red Bull Content PoolPhotographer Credit: Joerg Mitter / Red Bull Content Pool

Најголемото езеро во средна Европа ќе биде домаќин на големата воздушна акција, кога Red Bull Air Race ќе се одржи за првпат на езерото Балатон, во Унгарија, на 13-14 јули 2019 година.

На третата трка оваа сезона, 14 од најдобрите пилоти во воздушни трки ќе ги воодушеват посетителите кои се одмараат во туристичкиот град Замарди, во обид да заработат поени на светското натпреварување. Дополнителна возбуда ќе пружаат и натпреварувачите од челинџер класата, каде што има двајца предводници во генералниот пласман, на ова 13 издание на Red Bull Air Race во Унгарија.

Red Bull Air Race прват се одржа во Унгарија во неговата инаугурална сезона во 2003 година, па земјата е позната како лулка на овој спорт. Но никогаш досега тркачките авиони не летале на патеката над езерото Балатон, кое е прочуено по неговите привлечни плажи и околните лозја.

Пред еден од најголемите фестивали под отворено небо, обожавателите на воздушниот спорт ќе се соберат на Замарди за да бидат сведоци на последната станица на светскиот шампионат на овој континент пред тркачките тимови да се упатат на финалето од сезоната во Јапонија.
Квалификациите во мастер класата на езерото Балатон ќе започнат во сабота, 13 јули, каде пилотите ќе се борат за пол позицијата, а пласманот меѓу првите три места ќе им обезбеди бодови на светскиот шампионат.

Фаворити на езерото Балатон се Јошихиде „Јоши“ Муроја (Јапонија), шампионот од 2017 година, кој е непоразен оваа сезона, како и Мартин Шонка (Чешка), бранителот на титулата кој е втор во генералниот пласман. На трето место на табелата, Мат Хол (Австралија) има своја мисија, зашто веќе трипати бил втор без да ја освои шампионската титула.
Младите пилоти како Мика Бражо (Франција) и Бен Марфи (Велика Британија) можат да го сменат распоредот. А германските навивачи едвај ќе чекаат да откријат дали шампионот од 2016 година Матијас Долдерер ќе лета откако ја преседе минатата трка во Русија заради оштетување на неговиот тркачки авион по удар во еден од воздушните столбови.

Исто така во сабота, „Челинџер“ класата ќе ја има првата од двете трки на езерото Балатон, додека втората ќе биде во недела. Втората натпреварувачка категорија на Red Bull Air Race вклучува 12 пилоти оваа сезона, секој од нив учествува на три трки. Меѓу тие кои ќе се натпреваруваат на езерото Балатон се Мелани Астлес (Франција), Дарио Коста (Италија), Даниер Рифа (Шведска), Баптист Вињес (Франција), Патрик Дејвидсон (Јужна Африка), Патрик Страсер (Австралија), актуелниот шампион во челинџер класата Лук Цепиела (Полска) и дебитантот во Red Bull Air Race, Вито Вајпрахтигер, првиот швајцарски пилот кој се натпреварувал во овој спорт.

Денот на трката за мастер класата на езерото Балатон е недела, 14 јули, кога ќе има три важни рунди помеѓу 25 метарските воздушни порти, кога ќе се решава кој ќе застане на врвот од тркачкиот подиум.

Акредитиран од Меѓународната аеронаутичка федерација, (ФАИ), светскиот шампионат Red Bull Air Race бара брзина, прецизност и вештина, зашто пилотите во мастер класата достигнуваат брзини до 370 километри на час и со привлечни сили од 12 Г. Red Bull Air Race нема да продолжи после 2019 година, па обожавателите со страст ја следат секоја трка во збиената сезона од четири станици.

Бидете таму на првата трка од Red Bull Air Race на езерото Балатон на 13-14 јули. За билети и информации од сториите зад сцената и најновите вести, посетете ја веб-страницата www.redbullairrace.com.

КАЛЕНДАР ВО 2019 ГОДИНА:
8-9 февруари, Абу Даби, ОАЕ
15-16 јуни, Казан, Русија
13-14 јули езеро Балатон, Унгарија
7-8 септември Чиба, Јапонија

Facebook Коментари