Поврзете се со нас

Англија

Нова интернет сензација: Реакцијата на преплашениот Гвардиола за шансата која можеше да го остави без трофеј (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити играше под голем притисок во завршницата од дербито со Тотенхем и тоа беше нормално со оглед на влогот кој го имаше овој натпревар, па во таква ситуација, пристигна и голема грешка која сепак не беше казнета од Хеунг Мин Сон.

Напаѓачот на Тотенхем излезе само во 86-та минута и можеше да бира каде да ја смести топката, но на крајот го погоди Ортега кој добро се постави и кој имаше клучна одбрана која може да значи и освоена титула.

Резервистот на Пеп Гвардиола се покажа како херој за „граѓаните“, иако никој не можеше да го претпостави тоа кога влезе во игра во 70-та минута.

Неговата одбрана не остави никого рамнодушен на клупата на Сити, а убедливо најкомична реакција имаше Пеп кој падна на земја во ситуација кога домаќините тргнаа во напад за израмнување.

Шпанецот се фати за глава и брзо сфати каква опасност следи, па неговата реакција експресно стана предмет за илјадници мемиња на социјалните мрежи….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни