Поврзете се со нас

Англија

Нова интересна случка од ФА Купот: Навивачите на Стокпорт запалија огномет, Мајк Дин го прекина натпреварот (Видео)

Објавено

на

Средбите од ФА Купот, посебно оние во кои се среќаваат тимови од пониските лиги во Англија со тимови од Премиер лигата често знаат да донесат интересни моменти.

Така, завчера на натпреварот помеѓу Кроли Таун и Лидс Јунајтед деби настап за англискиот четвртолигаш имаше за ријалити ѕвезда која не е професионален фудбалер.

Интересен момент се случи на вчерашната средба меѓу Стокпорт и Вест Хем на која навивачите надвор од стадионот запалија огномет кој предизвика фасцинантни сцени за време на средбата.

Главниот судија на овој натпревар, Мајк Дин се реши да го прекине натпреварот додека траеше огнометот, а неговата реакција беше урнебесна. Нему не му се допаѓаше тоа што го направија навивачите на петтолигашот, па затоа реши за момент и да го прекине натпреварот.

Што се однесува до самиот натпревар, премиерлигашот Вест Хем стигна до тешка победа од 1:0 со гол постигнат во 83. минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни