Нова хорор повреда на терените во Европа: Играч на Слован лежеше без свест, му се укажуваше помош цели 11 минути (Видео)

povreda

Тимот на Вулверхемптон се наоѓа пред пласман во нокаут фазатао во Лига Европа откако вчера со минимални 1:0 славеше против Слован Братислава.

Стрелец на единствениотпогодок беше Раул Хименез кој подоцна учествуваше и во еден немил настан.

Имено,Мексиканецот се обиде да ја шутне топката во ножички, меѓутоа наместо топката, ја удри главата на противничкиот фудбалер, Кенан Бајриќ.

Играчот на Слован веднаш загуби свест, а медицинска помош му се укажуваше цели 11минути по што ведаш беше пренесен во болница. По средбата тренерот на Слован истакна дека повредата на Бајриќ е од посериозен карактер.

Facebook Коментари