Шпанија
Нова година, стари проблеми: Ла Лига ги прецрта Олмо и Виктор од првиот тим на Барселона!
Стартот на Новата година донесе исти проблеми за Барселона како фудбалски клуб, сето тоа поради неуспешната операција која ја имаше Жоан Лапорта во последниот ден од 2024-та година.
Барса не успеа да достави легитимна гаранција за регистрација на Дани Олмо и Пау Виктор, односно шпанската Ла Лига го одби последниот допис и барање доставено од Лапорта, откако претходно на двапати случајот падна и на суд во Барселона.
Лапорта и неговите соработници не успеаја да докажат дека ги поседуваат 100-те милиони евра кои ќе ги добијат од операцијата за изнајмени ВИП седишта на реновираниот „Спотифај Камп Ноу“, па така од ова утро, Дани Олмо и Пау Виктор повеќе не фигурираат како играчи на Барселона.
Ла Лига ги прецрта двајцата фудбалери од првиот тим на Барселона и ги означи како нерегистрирани, што дефинитивно прави Новата година да почне на најлош можен начин за „Блауграна“ семејството.
Во официјалната регистрација на играчи во шпанската елита, од денеска повторно го има името на Андреас Кристенсен, фудбалер кој досега беше повреден и поради кој Барса изминатово лето успеа да ги изигра правилата за да го регистрира Олмо во првиот дел од сезоната.
И покрај ова шокантно сценарио, Барселона не губи надеж дека брзо ќе го реши проблемот, а како што уверуваат каталонските медиуми, клубот очекува до 3-ти јануари да ги добие парите за изнајмените ВИП седишта, по што ќе може повторно да ги регистрира и Олмо и Виктор.
-
Англија19 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП13 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија12 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација15 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Македонија21 час
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија12 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Германија16 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…