Поврзете се со нас

Англија

Нова главоболка за Гвардиола: Сити остана без клучен дефанзивец

Објавено

на

foto: x.com/ManCity

Манчестер Сити утре има тешко гостување на „Вила Парк“ кај Астон Вила во меч во кој ќе се обиде да се врати во живот по серијата на лоши резултати во изминатиов период, задача која воопшто нема да биде лесна против тимот кој има само еден пораз на домашен терен во Премиер лигата.

Тренерот Пеп Гвардиола ќе мора да пронајде решение, но повредите се сериозен проблем затоа што на листата сега е нов играч и тоа клучен дефанзивец Рубен Дијаш кој ќе мора да паузира во наредните три-четири седмици.

-Тој ќе биде во аут подолго време. Три или четири недели. Проблем со мускулот. По 75 минути против Јунајтед почувствува нешто, но тој е толку силен и остана на теренот, -истакна Гвардиола кој откри дека голманот Едерсон е неизвесен за утрешното соочување, но и дека позитивни вести се враќањата на Аканџи и Стоунс.

-Не знам дали Едерсон ќе биде подготвен. Мануел и Џон се враќаат на тренинг со нас. Тоа е добро за нас, -заврши Шпанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни