Нова двоцифрена партија на Војдан во дресот на Гравелин Данкерк

vojdan

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски одигра уште еден натпревар со двоцифрен учинок во тимот на Гравелин Данкерк во првата лига на Франција.

Војдан на вечерашното гостување кај најслабата екипа во ЛНБ шампионатот тоа е Ле Портел реализираше 12 поени, 5 скокови и 2 асистенции што не беше доволно за позитивен резултат. Имено домаќините успеаа да слават со 80-61 што за нив беше прво славје по ноември минатата година.

Со овој пораз Гравелин Данкерк направи чекор наназад во битката за опстанок и во моментов со 6 победи и 17 порази е на претпоследната позиција на табелата.

Facebook Коментари