Нова доминација на Мерцедес, Хамилтон по вторпат во кариерата ќе тргне од пол-позицијата во Монако

hamilton

Возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас ќе ги имаат стартните позиции на утрешната трка за за Големата награда на Монако.

Хамилтон дојде до втората пол-позиција на улиците во Монако и тоа откако извозе најбрз круг во историјата (1:10.166) со што го остави зад себе клупскиот колега Ботас кој беше побавен за 0.086 стотинки. Од третата позија ќе стартува возачот на Ред Бул Макс Ферстапен, додека дури четврти ќе биде Себастијан Фетел од Ферари.

Во првата десетка завршија уште Гасли, Магнусен, Рикиардо, Квајт, Сајнц и Албон. Најголем губитник пак денеска дефинитивно беше домашниот миленик Шарл Леклер кој квалификациите ги заврши уште во првата сесија, па ќе стартува дури од 16 позиција иако беше најбрз на третиот тренинг.

Facebook Коментари