Англија
Нова долга пауза за Лича: Јунајтед ја потврди тешката повреда на Мартинез (Фото)

Манчестер Јунајтед како клуб соопшти најлоши можни вести за Лисандро Мартинез, откако големиот аргентински борец си нанесе многу штета со неприродно движење на ногата на натпреварот против Кристал Палас.
Лича предвреме го заврши мечот во големи болки и беше изнесен на носилки, па иако уште во прв момент се доби впечаток дека се работи за нешто сериозно, сега Јунајтед како клуб само ги потврди стравувањата.
Клубот од „Олд Трафорд“ не беше доволно јасен во давањето образложение, но сепак соопшти дека Лисандро Мартинез заработил повреда на предниот вкрстен лигамент.
Во приложеното соопштение, „ѓаволите“ не откриваат дали станува збор за целосно кинење на лигаментот, па засега не се дава информација дали Аргентинецот ќе подлегне на операција, или ќе се бара алтернативен метод.
– Манчестер Јунајтед може да потврди дека Лисандро Мартинез заработи повреда на предниот вкрстен лигамент на неделниот натпревар против Кристал Палас. Проценката на повредата е во тек, по што ќе се утврди текот на лекувањето и временската рамка на неговата рехабилитација. Сите во Манчестер Јунајтед му влеваат сила на Мартинез за успешно закрепнување, ќе го поддржиме во секој чекор кој следи, – гласи соопштението на клубот.
We can confirm that @LisandrMartinez suffered an injury to his cruciate ligament in Sunday’s game against Crystal Palace.
Wishing you a speedy recovery, Licha ❤️#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) February 6, 2025
-
Репрезентација15 часа
Белами: Свесни сме каква трагедија се случи во Македонија, сакам да знаете само една работа
-
Свет14 часа
Скалони му одржа лекција на Рафиња и потсети на една незаборавна слика од Меси и Нејмар (Фото)
-
Италија16 часа
Капело издвои двајца играчи на Јувентус на кои Тудор мора да им помогне: Мора да игра…
-
Формула 114 часа
Васер ја откри вистината за сомнителните тимски правила во Ферари
-
Шпанија14 часа
Арда има цврст став за својата иднина: Дојдов во Реал поради две причини
-
Свет16 часа
Ендрик се отвори: Тешко ми е да зборувам, се плашам…
-
Шпанија15 часа
Мончи: Ако го удрев Иско, веќе немаше да може да игра фудбал (Видео)
-
Свет15 часа
Малерозен период за Шпанецот: Пред еден месец откри дека се тужи со родителите, сега боледува од туберколоза!