Шпанија
Нова дефанзивна техника: Стоперот на Алавес го влечеше Марсело за коса, судиите во ВАР останаа „слепи“ (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид жестоко протестираа кога не му беше досуден пенал на Еден Азар кога беше соборен во шеснаесетникот, но фановите на „кралскиот клуб“ по новиот непосакуван пораз се повеќе бесни за една ситуација од пред крајот на првиот дел, која навистина нејасно е зошто не беше прегледана од ВАР.
По незгодниот дуел кој го имаше, Азар заработи повреда и беше заменет, но Реал не доби пенал и во судиското продолжение од првото полувреме во кое бевме сведоци на една нависитна необична и несекојдневна ситуација.
Стоперот Виктор Лагуардија не бираше средства и смисли нова техника за спречување на противнички напад, повлекувајќи го Бразилецот Марсело за неговата долга коса на работ од шеснаесетникот. Ситуацијата беше навистина спорна и милиметри одлучуваа да прекршокот е во шеснаесетникот, но иако фановите на Реал се убедени дека станува збор за пенал, овој спорен момент не беше ниту прегледан.
Главниот судија Вега не го забележа овој несекојдневен дуел, а „слепи“ останаа и луѓето во ВАР кои немаа никаква реакција. На тој начин, Лагуардија мина без никаква казна и опомена, а Реал остана без пенал и во втората спорна ситуација во шеснаесетникот на гостите кои на крајот победија со 1:2.

- Англијапред 24 часа
Овен и Бербатов согласни: Ливерпул нема да го победи Јунајтед во дербито на колото во ПЛ
- Италијапред 21 час
Лацио го доби големото дерби, Ана го исполни ветувањето и се соблече гола (ФОТО)
- Англијапред 22 часа
Салах: Кој ќе ја освои титулата во Англија? Ситуацијата е…
- НБАпред 23 часа
Адетокумбо постави анти-рекорд, Лејкерс дојде до петтата победа во низа (ВИДЕО)
- Одбојкапред 17 часа
Одбојкарите повторно покажаа „спартанско срце“: Македонија ја надигра Турција и се пласираше на ново ЕП!
- Светски првенствапред 16 часа
Брестовац ја посочи главната причина за двата тешки порази од Шведска и Египет
- Светпред 18 часа
Дешамп: Тоа што го изјави Бензема е неприфатливо, никогаш нема да му простам!
- Светски првенствапред 15 часа
Лазаров по убедливиот пораз од Египет: Не очекував ваков резултат