Поврзете се со нас

Светски првенства

Нова бразилска бравура за осминафинале: Касемиро со мајсторија го урна бедемот пред голот на Швајцарија (Видео)

Објавено

на

Швајцарија и Србија во директен дуел ќе решаваат за тоа која селекција ќе патува во осминафиналето на Светското првенство, откако Бразил забележа втора победа во второто коло и го завери својот биле во нокаут фазата.

За разлика од првиот меч против Србија, „кариоките“ денеска подолго се мачеа за да го скршат бедемот пред голот на Швајцарците, а ако на воведниот натпревар херој беше Ришарлисон, сега во главна улога се најде Касемиро.

Ришарлисон изведе атракција во шеснаесетникот против српската селекција, но ништо полош не беше денешниот гол на Касемиро кој дојде по акцијата која му ја креираа двајцата доскорешни соиграчи од Реал Мадрид.

Додавањата на Винисиус и Родриго завршија до ногата на Касемиро, кој мајсторски на прва испрати неодбранлив удар за 1:0 во 83-та минута.

Ова беше доволно да се скрши отпорот на Швајцарците и да се потврди пласманот во осминафиналето, рунда за која во третото коло ќе се борат Швајцарија и Србија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни