Поврзете се со нас

НБА

Нова „бомба“ во НБА: Дурент си замина од Бруклин, лигата доби „нова голема тројка“

Објавено

на

foto: https://twitter.com/cocksources

НБА клубовите се активни на „трансфер пазарот“, периодот наменет за промени, размени, па така во завршницата видовме голем трејд при кој од Бруклин Нетс си замина и втората голема ѕвезда, Кевин Дурент.

Пред неколку дена Кајри Ирвинг беше испратен во Далас Маверикс за да информациите кои доаѓаат од САД велат дека популарниот Кеј-Ди оди во Феникс Санс заедно со Ти Џеј Ворен, додека пак Нетс за возрат ги добиваат Микал Бриџис, Кем Џонсон, Џо Краудер, четири пикови од првата рунда и размена на пик од 2028 година.

Со ова официјално се растури големата тројка на Бруклин од која претходно беше дел и Џејмс Харден, играч кој пак сега ги брани боите на Филаделфија. Џејмс, Кевин и Кајри требаше да донесе револуција во овој тим, да донесат титула, ама целиот тој план не се релизираше и сега составот од Њујорк тргна во целосна реконструкција.

Од друга страна пак сега Феникс доби на располгање три супер квалитетни играчи, поточно на Крис Пол и Девин Букер (плус тука е центарот Ејтон) им се приклучи Дурент што дефинитивно ги прави и тоа како сериозен тим за највискоки дострели.

Кевин во досегашната кариерта беше дел од Сиетл Суперсоникс/Охлахома Сити Тандер и Голден Стејт Вориорс каде освои два шампионски прстени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни