Поврзете се со нас

Свет

Нова асистенција за Ѓорѓев, Грасхоперс сам одлучува за влезот во елитната конкуренција (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Грасхоперс на нашиот интернационалец Никола Ѓорѓев не игра најдобро во последно време, но без разлика на тоа во последното коло се ќе зависи од него дали ќе се врати во елитната швајцарска конкуреција.

„Скакулците“ на последниот меч ремизираа со Ксамакс (1-1), додека нивниот најблизок ривал Тун загуби од Арау (3-1) што значи дека ако Никола и компанија во завршната рунда слават над Криенс тогаш сигурно влегуваат во првата лига на Швајцарија.

Инаку во ремито со Ксамакс повремениот македонски репрезентативец Ѓорѓев запиша асистенција при погодокот на Бонатини во 29 минута. Офанзивецот во оваа сезона зад своето име има 7 голови и 9 асистенции.

Грасхоперс со 62 бода го држи врвот на табелата, еден помалку има Тун, додека третопласираниот Арау е на бројката од 58 поени.

Овде можете да го погледнете додавањето на Никола за голот на клубот од Цирих.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни