Поврзете се со нас

Балкан

Нов заинтересиран тим за Стефан Ристовски, за репрезентативецот загриза редовен учесник во Лигата на шампионите

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски веројатн ќе има нов клуб овој јануари и ќе стави крај на голготата која ја поминува во редовите на Спортинг Лисабон каде повеќе од шест месеци неговиот првотимски статус е „замрзнат“.

Во минатото се пишуваше дека Брага, Локомотив Мосвка, Спартак Москва и АЕК се заинтересирани за услугите на Ристовски, а сега од медиумите од Грција доаѓа информација дека и Олимпијакос сериозно се заинтересирал за неговиот потпис.

Тренерот на Олимпијакос, Педро Мартинс побарал детална анализа од Португалија за игрите на нашиот Ристовски и добил само пофални зборови по што одлучил да тргне по неговиот потпис.

Ристовски во Пиреа би се преселил првично како позајмен фудбалер, а Олимпијакос потоа ќе има право да го откупи неговиот договор.

Инаку, грчкиот гигант Олимпијакос е редовен учесник во Лигата на шампионите, а оваа сезона грчкиот тим беше во тешка група со Манчестер Сити, Порто и Марсеј и успеа да го освои третото место во групата пласирајќи се во елиминационите фази од Лига Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни