Италија
Нов удар за шампионот: Коваленко со убав гол го шокираше Наполи во Неапол (ВИДЕО)

Фудбалерите на Емполи остварија изненадувачка победа над Наполи (1-0) во премиерниот натпревар од денешната програма во Серија А.
Актуелниот шампион влезе со јасна и единствена цел во овој меч, освојување на трите бода, меѓутоа наполитанците одново покажаа слабости и на крајот претрпеа и пораз кој може да значи крај на етапата на тренерот Руди Гарсија на „Диего Армандо Марадона“.
Домашниот тим не се наметна како што се очекуваше, не создаде доволно шанси, но и во таква ситуација можеше прв да дојде до водство и тоа во 89 минута кога Кварацхелија се најде во идеална прилика, ама Бериша имаше одлична интервенција.
Казната стигна во 91 минута кога Коваленко постигна мајсторски погодок за шок на домаќините, навивачите, а во исто време за огромна радост на сите во Емполи.
Great shot by Viktor Kovalenko. Empoli was leading 1-0 away against Napoli in the last moments!pic.twitter.com/v5CtBov7fO
— FootColic ⚽️ (@FootColic) November 12, 2023
Нашиот Елиф Елмас беше стартер и беше активен до 54 минута. Наполи со 23 бода останува на 4 позиција, Емполи пак сега има 10 поени и излезе од зоната која води во Серија Б.
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Италијапред 17 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Европски првенствапред 19 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Македонијапред 21 час
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Шпанијапред 16 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Европски првенствапред 19 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Англијапред 6 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него