Поврзете се со нас

Шпанија

Нов удар за Реал: Винисиус се повреди во поразот на Бразил

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид мора да се соочи со уште еден голем проблем во однос на повредените фудбалери, бидејќи утринава Винисиус беше принудно заменет на дуелот меѓу Колумбија и Бразил.

По само 27 минути на теренот, ѕвездата на шпанскиот клуб и бразилската репрезентација го напушти теренот со очигледна болка и фрустрација поради настаната ситуација, па сега лекарскиот тим на Реал ќе го очекува враќањето на Винисиус за да утврди за каков проблем се работи.

Самиот Винисиус по натпреварот прогнозирал дека се работи за истата повреда од почетокот на сезоната, но и дека дополнителните прегледи ќе мора да го потврдат тоа.

Засега е рано да се прогнозира колку би траела паузата на Бразилецот, но шпанските медиуми сметаат дека за него веројатно годината е завршена, со оглед на тоа што Реал има обврски до божиќната пауза која започнува на 20. декември.

Пред само неколку дена стана јасно дека Реал до јануари нема да смета на Емануел Камавинга, а од претходно повредени се и Чуамени, Ѓулер, Кепа, Куртоа и Милитао.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни