Италија
Нов удар за Алегри: Јувентус остана без уште еден играч од средниот ред
Јувентус доживеа пораз на гостувањето кај Наполи и тимот на Макс Алегри ќе биде под притисок да оствари позитивен резултат на претстојното дерби со Аталанта, еден од директните ривали за Топ 4 пласман сезонава во Серија А.
Тренерот Макс Алегри денеска добил уште една непријатна информација, која секако ќе расипе дел од неговите планови, а се работи за повреден фудбалер.
На принудна пауза оди Карлос Алкарас, аргентинскиот фудбалер кој од неодамна игра на заем во составот на Алегри, а се очекуваше повторно да добие шанса во првиот тим, исто како и на дербито со Наполи.
Повредата на Алкарас најавува негово отсуство најмалку две недели, а реално играчот за врска ќе мине околу еден месец во рехабилитациска фаза.
Тоа значи дека Алегри не може да смета на уште еден фудбалер во сегментот каде недостасува Адријан Рабио, а поради суспензии во конкуренција не се Погба и Фаџоли.
Вестон МекКени е во трка со времето за евентуален настап против Аталанта и ситуацијата со него ќе биде појасна во сабота, кога тренерот на Јувентус ќе ја одржи вообичаената прес-конференција.
-
Лига на шампионипред 18 часа
Ендрик го собори рекордот на Раул, па доби признание од Анчелоти: Покажа дека има…
-
Лига на шампионипред 21 час
Куртоа за последната акција на Реал: Покажа карактер што не им подаде на Винисиус и Мбапе! (Видео)
-
Италијапред 20 часа
Ибрахимовиќ за статусот во Милан: Кога ја нема мачката, глувците оро играат…
-
Италијапред 16 часа
Главниот фаворит за наследник на Де Роси веќе пристигнал во Рим
-
Италијапред 19 часа
Утрински шок од Италија: Де Роси заработи отказ од Рома
-
Францијапред 19 часа
Рабио доби комплименти од француска легенда: Стана мој идол со потезите кои ги направи
-
Македонијапред 12 часа
Работнички шокиран од третолигаш во Купот на Македонија
-
Лига на шампионипред 6 часа
Газанига му подари победа на ПСЖ, Сити немаше решение за Интер (ВИДЕО)