Поврзете се со нас

НБА

Нов трипл-дабл за Јокиќ и нова драма во Денвер, ЛеБрон загуби на меч на кој постигна 39 поени (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/nuggets

Оклахома го претрпе првиот пораз во новата натпреварувачка сезона во НБА лигата, а истиот се случи на гостувањето кај ланскиот шампион Денвер.

Нагетси предводени од својот најдобар кошаркар успеаја да се изборат за неизвесна и тесна победа, и тоа во доста драматични услови на теренот.

Никола Јокиќ беше лидер со четврти трипл-дабл од стартот на сезоната, а овојпат мечот го заврши со 23 поени, 20 скокови и 16 асистенции. Огромна поддршка доби од Расел Вестбрук кој го одигра најдобриот меч во дресот на Денвер со забележани 29 поени, но во херој прерасна Вотсон кој за малку можеше да биде и трагичар.

Пејтон не реализираше две слободни фрлања на 16 секунди пред крајот за мирен крај на натпреварот, па така дозволи последен напад за Оклахома при резултат 124:122 и шанса за гостите за продолженија. Сепак, Пејтон со изонредна блокада не дозволи такво нешто и го „заклучи“ својот кош, па така Денвер се израдува на голема победа.

Од останатите натпревари, за издвојување е оној меѓу Мемфис и Лејкерс, каде „гризлите“ одиграа извонредно на домашен терен и славеа со 131:114. Играч на мечот беше Леброн Џејмс кој уфрли 39 поени, но тоа беше недоволно за победа на „езерџиите“.

НБА резултати:

Шарлот – Детроит 108:107
Индијана – Орландо 118:111
Атланта – Њујорк 121:116
Бостон – Голден Стејт 112:118
Хјустон – Сан Антонио 127:100
Мемфис – ЛА Лејкерс 131:114
Њу Орлеанс – Кливленд 122:131
Далас – Чикаго 119:99
Денвер – Оклахома 124:122
Феникс – Мајами 115:112
ЛА Клиперс – Филаделфија 110:98
Сакраменто – Торонто 122:107

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни