Нов тренерски ангажман за легендарниот Пипо Инзаги

filippo inzaghi ansa-2

Поранешниот легендарен фудбалер на Милан, Филипо Инзаги, кој веќе неколку години се обидува да плови во менаџерските води од следната сезона ќе има нов клуб.

Имено, Инзаги се договори со тимот на Беневенто со кој потпиша едногодишен договор кој може да се продолжи на уште една дополнителна сезона.

Беневенто минатата сезона се пласираше во плеј-офот за Серија А, но не успеа да го мине полуфиналето каде беше поразен од Цитадела.

Инзаги минатата сезона беше на кормилото на Болоња, меѓутоа заработи отказ на полусезона откако тимот беше на работ на амбисот, на дното на табелата. Претходно во кариерата работеше и во тимовите на Милан и Венеција.

Facebook Коментари