Поврзете се со нас

НБА

Нов тренер во Лос Анџелес: Добриот пријател на Леброн ќе го води проектот на Клиперси! (Фото)

Објавено

на

Лос Анџелес Клиперс после долги години се раздели со Док Риверс, но Клиперси во најскоро време и официјално ќе го добијат новиот тренер, откако кошаркарска Америка на големо ја пренесува веста која ексклузивно прв ја пренесе познатиот НБА инсајдер.

Новинарот Адријан Војанровски никогаш не греши со своите ексклузивни информации поврзани за НБА лигата, па така сега потенцира дека добриот пријател на Леброн Џејмс набрзо ќе потпише петгодишен договор со вториот тим од Лос Анџелес.

Тајрон Лу беше тренерот со кого Леброн Џејмс му ја донесе првата историска титула на Кливленд и тие двајца веќе подолго време имаат крајно пријателски однос, но во новата сезона, ќе бидат големи ривали бидејќи „кралот“ Џејмс е предводник на Лејкерси на теренот, а Тајрон ќе биде тренер на Клиперси.

Интересно, Лу во својата играчка кариера го носеше дресот на „езерџиите“ и на двапати стана НБА шампион како член на Лејкерси, а сега како тренер ќе биде лут противник на составот кој е предводен од Вогел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни