Англија
Нов тежок удар за менаџерските апетити: Руни заработи уште еден отказ во Англија (Фото)
Вејн Руни доста рано ја заврши својата играчка кариера и експресно реши да се префрли во тренерските води, но засега оваа транзиција не носи нималку добри резултати со најдобриот голгетер во историјата на Манчестер Јунајтед.
Руни на стартот на оваа сезона го презема Плимут со цел да оствари добри резутлати во Чемпионшип лигата, но наместо тоа, доживеа сценарио слично како она во Бирмингем.
Плимут забележа само пет победи на 25 одиграни натпревари под водсто на Руни, а фактот што новата 2025-та година ја пречекува на последното место на табелата очигледно ја прели чашата кај раководството.
Тимот е закован за дното во Чемпионшип со само 18 бода по 23 комплетирани рунди, па водечките луѓе решија дека последниот ден од годината ќе биде и последен работен ден за Руни во клубот.
Плимут ја извести јавноста дека морало да се донесе тешка одлука за доброто на тимот, а во соопштението има и изјава на Руни кој се заблагодарува за укажаната шанса и поддршката која ја добил од фановите во изминатите неколку месеци.
Овој отказ е нов тежок удар за менаџерските апетити кои ги има Руни, бидејќи претходно неславно заврши во Бирмингем, а не се прослави ниту во Ди-Си Јунајтед и Дерби Каунти.
Plymouth Argyle have parted ways with head coach Wayne Rooney. pic.twitter.com/wAJwkUssOx
— BBC Sport (@BBCSport) December 31, 2024
-
Англија21 час
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП15 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија13 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација16 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија14 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Македонија23 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија17 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)