Шпанија
Нов тежок удар за Ханси Флик: Историска победа за Леганес во Барселона (Видео)
Барселона дефинитивно бележи голем пад во формата во домашното првенство и целосно ја загуби предноста која ја имаше на табелата, па по третиот пораз на последните шесе меча во Ла Лига, каталонскиот гигант нема предност на табелата.
Тимот на Ханси Флик вечерва го одигра најлошиот натпревар од стартот на сезоната и загуби на домашен терен од Леганес, а за тимот кој се бори за опстанок ова е историска прва победа на едно гостување кај Барселона.
Погодокот на Гонзалес во 4-та минута од мечот беше само уште еден доказ за лошата игра на Барса во одбрана во последните 30-тина дена, но иако имаше многу време за реакција и пресврт против апсолутниот аутсајдер, момците на Ханси не успеаја да пронајдат пат до мрежата на противникот.
Барселона беше најблиску до израмнување во првиот дел кога Дмитровиќ правеше чуда на голот, но откако Леганес се одбрани од првите налети, во продолжение многу помирно го одбрани водството.
Фаворитот на моменти изгледаше безидејно во вторите 45 минути, па најзрелата шанса ја имаше Жул Кунде кој биеше непрецизно од непосредна близина.
Историската победа го носи Леганес на плус четири од опасната зона, додека Барселона останува првопласирана, но тоа е така само поради фактот што има подобра гол разлика од Атлетико.
Тимот на Чоло Симеоне се израми со Барса на табелата (38 поени), додека на третото место е Реал Мадрид со бод помалку, но и со натпревар помалку.
Голот на Леганес погледнете го ТУКА
-
АТП13 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија22 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
Италија20 часа
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
Англија23 часа
Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)
-
АТП21 час
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
АТП17 часа
Тинејџер му зема сет на Ѓоковиќ, Србинот одговори и обезбеди билет за второто коло во Мелбурн (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Откриена пораката која му ја испратил Перез на Модриќ по „петардата“ во финалето: Понекогаш мора…. (Видео)
-
Италија21 час
Италијански великан фаворит за потписот на Вокер