Нов страшен пад на Марк Маркез , Шпанецот полета од својот мотор на Сепанг (Видео)

markez

Светскиот шампион во Мото ГП, Марк Маркез доживеа нов страшен пад, овој пат на патеката Сепанг на квалификациите за ГН на Малезија.

Возачот на Репсол Хонда буквално беше лансиран од својот мотор и вистинско чудо е како остана без посериозни повреди. Маркез слета директно на колената, но веднаш стана и ги продолжи квалификациите.

Маркез така успеа да заврши како 11. на квалификациите што е негов најлош пласман од квалификациите на Муџело од 2015 година.

Инаку, од пол позицијата ќе стартува Фабио Квартараро за кого ова ќе биде прв старт од оваа позиција оваа сезона.

Facebook Коментари