Англија
Нов спорен момент во Премиер лигата: Викарио „играше ракомет“ надвор од шеснаесетникот, судиите не се огласија (Видео)
Тотенхем вчера го победи Брентфорд и ја прекина лошата низа во Премиер лигата, но трите бода за „петлите“ донесоа и еден контроверзен момент кој поради бизарните правила не можеше да биде прегледан од ВАР.
Гостите жестоко протестираа при резултат 2:1 и гостинскиот тренер Томас Франк заработи жолт картон, сето тоа по акцијата во која голманот Викарио играше ракомет надвор од шеснаесетникот.
Чуварот на мрежата на Тотенхем се замесе и не дозволи топката да дојде до Дамсгард, но главниот судија Џонатан Брукс не го виде овој инцидент и немаше реакција од ВАР.
Поплаките на гостите беа попусти и ова е уште еден доказ дека ВАР примената има „дупка“ во правилата, бидејќи видео технологијата не се вклучила поради тоа што не станувало збор за 100-процентна шанса за гол.
Фактот што двајца играчи на Тотенхем беа зад Викарио направи оваа акција да се толкува на тој начин, па луѓето од ВАР немаа право да стапуваат на сцена и да ја менуваат одлуката на главниот арбитар.
How has Vicario got away with this…pic.twitter.com/NVSc9jIIbL
— The Spurs Watch (@TheSpursWatch) September 21, 2024
-
Евролига17 часа
Тринкиери: Везенков треба само да го погледне судијата и добива две слободни фрлања
-
Италија18 часа
Пато открива тепачка од тренинг центарот: Најмирниот играч на Милан го преврте Ибра како мало дете
-
Лига на нации8 часа
Димитриевски: Верувам дека нема да примам гол, со победа…
-
Балкан9 часа
Капитенот на Задар скокнал во море за да спаси давеник
-
Лига на нации18 часа
Каде е топката: Црногорецот Бакиќ падна на земја по дриблингот на Арда (Видео)
-
Лига на нации9 часа
Англиски судии ќе ја делат правдата на мечот Ерменија-Македонија
-
Шпанија13 часа
Де ла Фуенте: Фудбалерите треба да одмараат во клубовите, а не во репрезентациите
-
Англија15 часа
Кукурелја: Англиските судии ме казнуваат за она што се случи на ЕП