Поврзете се со нас

Свет

Нов солиден натпревар на Андреј Јакимовски за Вашингтон (Видео)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативен кошаркар, Андреј Јакимовски продолжува со одличните изданија во дресот на Ваишингтон Стејт Кугарс.

19 годишниот кошаркар на натпреварот во кој неговиот тим славеше убедливо против Монтана Стејт со 82:54 постигна десет поени на кои додаде и седум скокови и две асистенции, а за издвојување е и тоа што Јакимовски не направи ниту една грешка иако на паркетот помина цели 34 минути.

Ова е вкупно шести натпревар за Вашингтон Стејт Кугарс во НЦАА Лигата оваа сезона, а тимот во кој игра и Јакимовски досега има перфектен скор.

Од  шесте натпревари, на  последните три Јакимовски бил стартер во тимот што значи дека помина периодот на адаптација, па сега сериозно ќе се смета на младиот кошаркар кој за почеток одлично се снаоѓа во универзитетската кошарка во САД.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни