Поврзете се со нас

Македонија

Нов случај на коронавирус, Металург оди во двенеделен карантин

Објавено

на

blank

Екипата на Металург вечерва требаше да игра против Младост во Богданци во рамките на Суперлигата, но оваа средба мораше да се откаже откако при самиот пат клубот од Автокоманда дозна дека има играч кој е позитивен на КОВИД-19.

Имено ова утро играчот покажал симптоми на вирусот и веднаш бил испратен на испитување, а резултат покажал дека е заразен со коронавирусот. Со оглед на тоа што ракометарот бил во контакт со целата екипа за време на гостувањето во Тулуз, целата екипа на Металург заедно со комплетниот стручен тим и  раководството ќе оди во двенеделен карантин.

-Поради втор позитивен случај со симптоми дијагностициран денес, а за кого резултатите од тестот пристигнаа во 19 часот, ја одложивме средбата со Младост од Богданци. Целиот тим на Металург, вклучително и стручниот штаб, ќе оди во изолација од 14 дена, поради незаштитен контакт со позитивниот случај. Секако ќе бараме одложување и на натпреварот со Висла во Лигата на Европа, -истакна претседателката на Металург, Зорица Блажевска.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни