Нов шокантен пораз на Лазаров и Нант во Франција

lazarov

Составот на Нант не е на посакуваното ниво во францускиот шампионат, а доказ плус за тоа е новиот изненадувачки пораз кој Кире Лазаров и другарите го претрпеа на гостувањето кај Иври со 30-29.

Домаќините победија на оваа средба со голот на Риос на 40 секунди до самиот крај, односно го забележаа третиот успех во осмиот меч во оваа натпреварувачка кампања.

Кастро со шест голови беше прв стрелец кај победниците, а пак во таборот на Нант прво име беше Балагуер со 9 погодоци. Нашиот Лазаров имаше учинок од три голови од седум обиди или прецизност од 42,86 проценти.

Нант по 8 кола има четири победи и четири порази што е доволно за седмото место на табелата.

Facebook Коментари