Поврзете се со нас

Италија

Нов шок за „старата дама“: Јувентус елиминиран од Емполи во Купот на Италија (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA

Јувентус им пререди уште едно непријатно изненадување на своите навивачи и тоа Купот на Италија каде доживеа елиминација од Емполи во четвртфиналната рунда.

„Старата дама“ се мачи во Серија А, беше „исфрлена“ од ПСВ во Лигата на шампионите, па Купот беше натпреварување во кое екипата можеше да се вади, да проба да дојде до трофеј. Меѓутоа нивниот настап завршува во четвртфиналето, фаза во која беше огромен фаворит против Емполи, ама загуби по изведување на ударите од 11 метри.

По 90 минути резултатот беше 1-1 со головите на Тирам и Малех по што се дојде до пенал серијата во која гостите беа перфектни четири од четири, додека кај домаќините не реализираа Влаховиќ и Јилдиз.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни