Шпанија
Нов шок за Србинот: Братот на Гудељ вторпат колабираше во период од осум месеци (Видео)
Драгиша Гудељ ги преплаши сите фудбалски фанови и своите најблиски во семејството кога колабираше на теренот пред осум месеци, но за жал, братот на далеку попознатиот Немања одново имаше непријатна епизода на фудбалски терен во Шпанија.
Средбата меѓу Мелилја и Кордоба од третата шпанска лига морала да биде прекината неколку минути, откако Драгиша повторно колабирал на теренот, иако овојпат успеал брзо да се соземе и сам да стане на нозе.
На видеото добро се гледа дека Гудељ изгледа изгубено и дезориентирано откако самиот станува од земјата, но фактот што сам го напуштил теренот сепак била добра вест за лекарите.
Шпанските медиуми информират дека Драгиша многу подобро го минал овој срцев застој поради дефибрилаторот кој му бил вграден пред осум месеци, но по новиот шок, ќе мора да се направат далеку подетални испитувања околу тоа дали воопшто смее да игра фудбал.
Кордоба го доби овој натпревар 0:1, а самиот клуб се јави со соопштение во кое вели дека Драгиша се чувствува добро и мирно бил пренесен во болница каде ќе подлегне на испитувања.
🇷🇸 Dragisa Gudelj (26) vuelve a sufrir una parada cardíaca en pleno partido pero el desfibrilador que le insertaron hace 9 meses le ha salvado la vida. El #Córdoba confirma que el futbolista se encuentra en buen estado. pic.twitter.com/Q450rWlN48
— Mercatosphera (@mercatosphera) December 3, 2023
ℹ️ Dragi Gudelj se encuentra bien. Ha sido trasladado al hospital de Melilla para que le realicen pruebas médicas tras abandonar el Álvarez Claro. En cuanto podamos, ampliaremos la información. pic.twitter.com/6Nb6MqZaZn
— Córdoba CF (@CordobaCF_ofi) December 3, 2023
-
Англијапред 22 часа
Мегваер го откри ставот на играчите на Јунајтед за менаџерот Тен Хаг
-
Англијапред 17 часа
Гулит: Зиркзе направи грешка, требаше да се пресели…
-
Конференциска лигапред 21 час
Чурлинов по голот за победа на Јагелонија: Не знам дали ќе можам да спијам вечерва
-
Лига на шампионипред 22 часа
Миовски по дебито во ЛШ: Ми се оствари сонот, но за жал…
-
Англијапред 20 часа
Кол за статусот на Тен Хаг во Јунајтед: Ќе бидам изненаден…
-
АТПпред 13 часа
Виландер: Ѓоковиќ е посебно човечко суштество, но може ли да биде добар…
-
Италијапред 20 часа
Ди Канио: Ова се бара од Влаховиќ…
-
Англијапред 17 часа
Барселона и Атлетико во трка за големиот борец на Арсенал