Поврзете се со нас

Светски првенства

Нов рекорд: Меси го надмина Марадона во уште една категорија (ФОТО)

Објавено

на

Аргентина го потврди статусот на фаворит и ја совлада Полска со 2-0 и на тој начин како првопласираната во групата обезбеди место меѓу 16 најдобри на Светското првенство.

Мак Алистер и Алварез беа стрелци на погодоците, но одново се се вртеше околу капитенот Лионел Меси кој на овој дуел правеше се што можеше за екипата, ама не успеа и да го матира голманот Шчесни кој воедно и му одбрани пенал во првото полувреме.

Без разлика на ова Лео испишна нова страница во историјата воедно минувајќи го својот сонародник Диего Армандо Марадона. Членот на ПСЖ со 35 години и 159 дена стана најстариот играч кој на меч на СП имал 5+ успешни дриблинзи и 5+ создадени шанси.

Претходниот рекорд на Марадона важеше од 1994 година од средбата со Нигерија.

Воедно ова за Меси беше 22 одигран меч на Мундијалите со што стана рекордер кога е во прашање Аргентина или поточно зад себе го остави вечниот Диего (21). Ова за офанзивецот е петто СП, па севкупно има 8 голови и 5 асистенции.

Исто така ова за Лео беше 15 натпревар како капитен на оваа сцена со што се израмни со Рафаел Маркез од Мексико (15), односно е само на чекор од Марадона (16).

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни